Поради нивно отсуство судењето за случајот се одложува за 27 јануари 2020 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јануари, 2020 10:47

ПОВТОРНО ИЗВИСИЈА: Aдвокатите на Јанева и денеска не дојдоа на судењето за „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска кои ја застапуваат поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за случајот Рекет, денеска повторно не дојдоа во судницата. 

Поради нивно отсуство судењето за случајот се одложува за 27 јануари 2020 година.

Адвокатите на Јанева денеска повторно не се појавија на судењето

Предметот е во доказна постапка а го води судијката Васка Николовска-Масевска, која денеска  ја повика Јанева да одлучи дали ќе ангажира друг адвокат, бидејќи за ваков сериозен предмет не е дозволиво вакво одложување.

Јас си имам бранители. Само тоа можам да кажам, изјави Јанева.

На ваквата изјава на Јанева реагираше судијката која истакна дека доколку и на 27 ми не се појават адвокатите на Јанева, ќе и биде доделен бранител по службена должност.

Судот, доколку и во понеделник не се појави одбраната на Јанева, ќе побара од претседателот на Судот да постави бранител по службена должност, изјави судијката Николовски-Масевска.

На почетокот од денешното рочиште судијката кажа дека адвокатката Фрчковска известила дека поради болест не може да присуствува на денешното рочиште.

На денешното рочиште требаше да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“.

Зоран Милевски- Кичеец призна вина уште на првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, и беше осуден на три години затвор, а првообвинетиот Јовановски кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ вели дека не е виновен,  а истото го тврди и Јанева која се товари дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.