Физичката пресметка помеѓу вработените лица во агенција за обезбедување "Унит" и оштетеното лице продолжила во блискиот кафе бар кој во тоа време бил затворен.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 август, 2019 21:45

Повторно инциденти во Кочани: Брутална тепачка пред казиното “Sherry”!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска во раните утрински часови (околу 2 часот по полноќ) пред казиното “Sherry” во Кочани се случило потешко нарушување на јавниот ред и мир.

Вработениот З.З. во ново отворената агенција за обезбедување “Унит” кој бил на работа во казиното “Sherry” физички се пресметувал со едно лице пред казиното, а на помош пристигнале и други лица вработени во агенцијата за обезбедување “Унит”.

Физичката пресметка помеѓу вработените лица во агенција за обезбедување “Унит” и оштетеното лице продолжила во блискиот кафе бар кој во тоа време бил затворен, а каде што е предизвикана значителна материјална штета, бидејќи бил искршен дел од инвентарот.

Вработениот З.З. во ново отворената агенција за обезбедување “Унит” кој бил на работа во казиното “Sherry” физички се пресметувал со едно лице пред казиното, а на помош пристигнале и други лица вработени во агенцијата за обезбедување “Унит”.

За одбележување е тоа дека кафе барот во кој е причинета значителна материјална штета е единствен локал во Градскиот Трговски Центар во Кочани кој не е обезбедуван од ново отворената агенција за обезбедување “Унит”.

Но и покрај тешкото нарушување на јавниот ред и мир во самиот центар на градот, ПС Кочани не реагирала и не го евидентирала настанот за да постапува по него.

Инаку казиното “Sherry” во Кочани е познато на јавноста по неодамнешната пресметка и пукотници помеѓу Жан Железарски и истите припадници на агенција за обезбедување “Унит”, на која пресметка преходеа телефонски закани од Жан Железарски кон полицискиот инспектор Петре Георгиев поради нерасчистени сметки.

Додека во Кочани секојдневно се случуваат физички пресметки и пукотници заради поголема превласт на пазарот за обезбедување, ПС Кочани немо ги следи случувањата и не реагира соодветно за да го врати спокојството на граѓаните, туку одработува за некој од кој што има финансиска корист.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...