Во последно време низ Македонија, се почести се илегалните транзити на мигранти, кои ги организираат криминални групи, а кои за "услугите" наплаќаат од 250 до 500 евра по човек

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 10:59

Повторно, откриени 10 илегални мигранти во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во редовна контрола на булеварот “Гевгелија” во Гевгелија полициски службеници синоќа во 01:00 часот по полноќ откриле 10 лица мигранти во патничко возило “БМВ” со тетовски регистарски ознаки.

Осум од мигрантите, соопшти денеска МВР, биле од Пакистан и двајца од Авганистан.

Возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода.

Се работи за лицето В.Ф. (35) од скопското село Студеничани. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин “Богородица”, железнички премин за понатамошна постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести