Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, нема да го напушти клубот во јануари, објавија англиските медиуми.
Веќе подолго време се шпекулира дека Французинот ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Како негови следни дестинации се спомнуваат Барселона и Јувентус.
Сепак, таков трансфер во зимскиот преоден рок нема да се случи. Менаџерот Жозе Мурињо демонстрира довербата кон Погба, му ја додели капитенската лента на првите две средби од новата сезона во Премиер лигата и го назначи за изведувач на пеналите.
Ова најверојатно значи дека Погба од Манчестер Јунајтед може да си замине најрано следно лето.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.