Денеска пред пратениците на дневен ред е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски

Објавил: Македонка Димкин | 11 март, 2019 10:29

Погинаа 15 млади луѓе, секој ден убиства, му ги тепаат полицајките, а тој сеуште Министер?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска пред пратениците на дневен ред е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Интерпелацијата е поднесена е од неколкумина пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според кои, работата на Спасовски не ги оправда очекувањата на граѓаните на Македонија.

Поминаа повеќе од 20 дена од трагичната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, каде животот трагично го загубија 15 млади гостиварци. Одговорност од министерот нема, нема обвинети, не се знаат кои се причините за несреќата.

Оливер Спасовски р. 21 октомври 1976 во Куманово е македонски политичар и актуелен министер за внатрешни работи на Република Македонија. Оваа функцијата ја извршува во два кратки периода. На функција стапил на 2 септември 2016 година до 12 декември 2016. Претходно, во периодот од 11 ноември 2015 до 19 мај 2016 ја извршувал истата функција, по договорот од Пржино.[1] Оливер повторно стапува на должност како министер за внатрешни работи на Македонија на 1 јуни 2017 година кога парламентарното мнозинство ја изгласа новата влада на чело со Зоран Заев.
На 9 јули 2019 почина  Никола Саздовски – Саздо, 21-годишно момче, дел од навивачката група ,,Комити”, кој на 29 јуни 2018  беше крвничнички претепан. Полицијата при информирање за настанот истиот го квалификуваше како „насилство“. Јавноста реагираше за настанот, а социјалните мрежи беа полни со револт и коментари. Вистинскиот убиец сеуште е на слобода

На 21 февруари 2019 машки труп бил пронајден околу 13 часот во скопско Нерези во бездна покрај патот, а во близина и автомобил „фолксваген поло“ тоа е телото на исчезнатиот Горан Атанасовски. ,Во последните три месеци ова е четврт случај пријавен во МВР.  Абдул Алибен (01.02.2019) , Пинета Секондо (10.12.2018) и Даниела Пецевска (11.02.2019) која подоцна беше пронајдена удавена во реката Вардар. По социјалните мрежи врие а граѓаните изразуваат екстремна загриженост заради честите исчезнувања.

На 22 февруари  околу 02:30 часот во СВР Скопје, 44-годишниот Д.С. од Скопје пријавил дека непознато лице фрлило непозната експлозивна направа кон неговата куќа, по што избегало. Од експлозивната направа била оштетена врата на гаража, дел од ѕидот на куќата, како и патничко возило „Фолксваген Голф“, сопственост на72-годишниотЃ.С.(72). Полицијата презема мерки за расчистување на случајот се велеше во соопштението но до денес не е изведен никпј пред лицето на правдата.

Сакаме правдата да излезе на виделина. Тие што го извршија убиството да бидат осудени по законот и уставот на Република Македонија, како што беа осудени оние што го извршија нападот на Зијадин Села“, порачуваат членовите на навивачката група „Комити“.
Никола Саздовски (21) од скопската населба Кисела Вода беше претепан до смрт на 29 јуни околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар Александар Македонски во Автокоманда. Двајца од осомничените за нападот се во притвор, третиот сè уште е недостапен за полицијата.

Пред точно една година во Скопје на 1 март 2018 г при обид градските служби да го подигнат возилото поради непрописно паркирање, лицето Б.А кај „Мавровка“ нападнал полицајка. МВР го потврди инцидентот и соопшти дека работи на расчистување на случајот. Де подоцна  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со полициската службеничка Јасмина Јаначковска, по инцидентот кој таа беше нападната од Бекир Асани, поранешен претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, таа информирала дека била само вербално нападната а самата се повредила при удар од „пајакот“ кој собира возила. После оваа изјава Спасовски ја награди полицјата за професиионално оденсување. Вистиината е спека дека полицајката била нападната но под притисоко на ДУИ приказната била променета. Нема кривични пријави.

Поради овие и уште многу други причини пратеничката група на опозицијата смета дека Оливер Спасовски е недостоен да биде министер и мора веднаш да си даде отставка. Сепак според ситуацијата на терен Спасовски мува не го лази, тој нема намера да си даде оставка , знаејќи дека е  миленик на премиерот Заев и го користи истиот „чадор„.

Дали сепак ќе се случи чудо и ќе му проработи совеста на Спасовски?

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.