Ова е првиот конкретен чекор откако вчера СПЦ ја врати МПЦ во канонско единство.

Објавил: admin@magazin | 17 мај, 2022 17:30

ПОГЛАВАРИТЕ ПОРФИРИЈ И Г. Г. СТЕФАН НА ЗАЕДНИЧКА ЛИТУРГИЈА ВО БЕЛГРАД

Фото/Текст извор: ©24.мк

Ден по влегувањето во канонско единство со СПЦ, поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј во четврток ќе одржат заедничка литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград. На литургијата ќе сослужуваат сите архијереји од двете цркви.

Ова е првиот конкретен чекор откако вчера СПЦ ја врати МПЦ во канонско единство.

Но, дилемата која се појави по вчерашното соопштение на српскиот Сабор за враќање на автономниот статус на МПЦ остана и денеска. Втор ден молк од Македонската православна црква.

Портпаролот на Синодот на МПЦ Владиката Тимотеј и денеска не креваше телефон, за да објасни дали навистина МПЦ барала да и се врати автономниот статус во рамките на СПЦ, доделен во 1959 година. За Владиката Петар вчерашната одлука за канонско и литургиско единство е најважната работа од вчерашниот Собор на СПЦ, пренесува порталот МКД МК. 

„СПЦ и другите цркви се согласни да сослужуваат со нас. Тоа за нас е битното. Тука завршува сѐ. Оттука сега одиме натаму. Не станува збор тука за статус, автономен, автокефален, тоа што некои така коментираат само прикаски раскажуваат“.

Но, спротивни реакции за вчерашната одлука на СПЦ доаѓаат и денеска. Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски за Студио 10 вели дека Македонската православна црква доброволно се откажала од одлуките за афтокефалност и се вратила во ситуацијата која ја имала во 1959 година кога и била призната најширока автономија во рамките на Српската православна црква.

Сепак, црковни извори на ТВ 24 коментираат дека вчерашната одлука за враќање на автономијата на МПЦ во рамките на српската црква е само преодна фаза до прогласување автокефалност, нешто што може да се случи дури и деновиве, додека трае Соборот на СПЦ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...