Фотографиите од специјалитетите на шефот на кујната, Никола изгледаат превкусно, па сигурни сме дека премиерите на двете земји беа презадоволни од специјалитетите.

Објавил: admin@magazin | 6 април, 2019 21:19

Погледнете ги специјалитетите кој ги јадеа премиерите Ципрас и Заев- шеф Никола беше одговорен за трпезата !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Шефот на кујната во винаријата „Камник“, Никола Мишковски пред неколку дена беше одговорен за трпезата со која премиерот Заев го пречека премиерот на Грција, Ципрас заедно со неговата сопруга.

Фотографиите од специјалитетите на шефот на кујната, Никола изгледаат превкусно, па сигурни сме дека премиерите на двете земји беа презадоволни од специјалитетите.

Повеќе од јасно е дека најголемата страст на шеф Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“ е готвењето и храната, но сепак најголема љубов му е семејството – сопругата Стефанија и синчето Дарин, кој овој месец февруари наполни 5 години.

Досега неколкупати во кулинарското шоу, Никола откри кога е хобито и спортот во прашање, тој многу го сака бордањето и уживањето во снегот и зимата.

На 2 април грчкиот премиер Алексис Ципрас, оствари историска посета во Република Македонија. Премиерот Алексис Ципрас заедно со делегација бизнисмени и министри, допатува во Република Македонија, каде свечено го прими неговиот колега Зоран Заев.

Ова е прва посета на еден грчки премиер на Скопје. Во програмата беа предвидени разговори за безбедносната и економската политика, како и средба со претседателот на парламентот Талат Џафери.

„Историска посета“ – така грчките медиуми ја опишуваа посетата на грчкиот премиер во Република Македонија.

Погледнете ја галеријата од специјалитетите на двајцата премиери.

[ngg src=”galleries” ids=”3″ display=”pro_horizontal_filmstrip”]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.