Сите ние постојано велиме дека Македонија е прекрасна, но голем број од нас, всушност, не ја виделе таа убавина со свои очи. Погледнете дел од убавините на нашата земја.

Објавил: admin@magazin | 17 декември, 2018 16:33

Погледнете ги убавините на нашата мила Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На убавините во Македонија никој не може да остане рамнодушен. Во оваа прекрасна земја секој ќе посака да се врати . Секогаш со восхитување, емоции и гордост кажуваме од каде потекнуваме ние и нашите корени.

Погледнете во продолжение дел од најзначајните места во нашата мила земја Македонија.

 

1.Кањон Матка

Матка е седиште на бројни и разновидни билки и животни, меѓу кои некои се и единствени во регионот на Балканот. Во кањонот има 1000 растителни видови, од кои 20 се локални, како и разни видови пеперутки кои не можат да се најдат на друго место во Европа. Исто така, тука живеат и два вида на пајаци и пет вида шкорпии кои се уште не се видени на други места. Во кањонот живеат и лешинари, како и белоглавиот орел, кои се заштитени со закон за да се зачуваат од истребување.Прекрасниот кањон Матка се наоѓа на само 15 километри од Скопје. Опфаќа 5.000 хектари од прекрасното езеро Матка, стрмни планински падини, возбудливи пештери и живописни средновековни манастири. Благодарение на својата исклучително добра положба во близина на Скопје, кањонот Матка привлекува туристи од целиот свет. Тука се наоѓаат и десет пештери и две стрмни карпи кои се високи околу 35 метри и се вистински предизвик за алпинистите.

 

2.Кожув планина

Планината Кожуф зафаќа површина од 1000 км2 и се простира на територијата на две држави (Република Македонија и Република Грција). Во границите на Република Македонија Кожуф Планина опфаќа територија од 80%, а останатите 20% се на територијата на Република Грција. Кожуф Планина изобилува со огромен воден потенцијал. Од оваа планина извираат многубројни реки. Реката Дошница е една од најубавите и најчисти реки во Македонија. Од изворот под Зелен Брег до местото каде што се влева во Вардар нема ниеден индустриски објект кој ја загадува реката. Таа е најчистата река во која опстојуваат пастрмката, кленот, ракот и други риби. На Кожув сè уште опстојува рисот како редок и заштитен вид. За жал, од страна на криволовците, веќе 2-3 децении го нема еленот, а одвреме-навреме се појавува мечката која во потрага по помирни места „мигрира“ од планините во Грција и во Македонија кон Кожуф. Растителниот свет е богат со најразновидни видови, но, секако, најатрактивни се лековитите билки и растението „Arbutus andrahne“, кај народот познато како „гол човек“, кое е заштитено и со закон. Во далечната 1953 година беше изграден Домот на Висока Чука, кој долги години беше место на средби на планинари и љубители на планината од целиот Балкан.

 

3.Дебарски бањи

Нашиот нај западен град, Дебар, е познат и препознатлив по лековитите минерални води на двете бањи – Бањиште и Косоврасти, кои се наоѓаат во негова близина. Со децении се мамка за лицата кои имаат потреба од бањско лекување, не само од нашава држава, туку од поширокиот регион на Европа, дури и од светот. Според извршените анализи за лековитоста на термоминералните води, констатирано е дека на литар минерална вода во Дебарските Бањи има 32 милилитри сулфур. Исто така, термоминералните води поседуваат исклучителни карактеристики, особини што ги немаат другите минерални води. Во себе содржат повеќе елементи кои придонесуваат за успешно лекување на 35 болести. Токму затоа, заради квалитетот на термоминералните води, Дебарските Бањи го добија заслуженото прво место во Европа, а трето во светот. Дебарските Бањи, според историските извори, биле подигнати кон крајот на 14 век и се сметаат за најстари во Македонија.

 

4.Царството на зовичката корија 

Мистериозното природно богатство на Мариовската област отсекогаш е интересно за авантуристите и посетителите. Долината на Црна Река која го пара Мариово секогаш е атрактивна за археолозите, дивите копачи, рударите… Грамадните (вулкански) разголени карпи,остатоци од тврдини, керамика и гробници од антички период, мермерни остатоци од цркви, грниња со злато, високи древни дрвја и што ли уште не, мамат да ги допрете со вашата посета на Мариовскиот крај. Таму,во славното Мариово, итрите мариовци ќе ви раскажат за убавата девојка Марија грабната од Турците по која Мариово го добило своето име, од нив ќе ја слушнете легендата за Црна Река која секоја година земала по една жртва, за Расимбеговиот мост,за мариовските манастири, за светци овековечени на карпи.
Витолиште во Прилепско, Старавина во Битолско и Кавадаречкиот дел се сржта на Мариово. Во двете општини, Витолиште и Старавина, со 24 села, живеат околу 1400 жители, иако оваа најретко населена област во Македонија отсекогаш има непристапен терен кој бил тежок за освојувачите и затоа оваа област останувала често слободна. 

 

5.Бела вода- привлечен туристички центар

Сите ние постојано велиме дека Македонија е прекрасна, но голем број од нас, всушност, не ја виделе таа убавина со свои очи. Затоа треба да се искористи секој слободен момент и убавото време и да се организира незаборавна еднодневна екскурзија или еден викенд за нас и за нашите најблиски на место каде што не сме биле никогаш досега. На тој начин барем малку подобро ќе ја запознаеме Македонија и со сигурност ќе имаме убаво искуство кое долго ќе го паметиме. Можеме да одбереме помеѓу водопадите, убавите манастири и цркви, културно-историските знаменитости и други убавини што ги нуди нашата земја.
Планини, реки, снег, чист воздух и вкусна храна. Македонија изобилува со понуда за сечиј вкус за туристите во сите сезони. Освен етаблираните зимски центри, во последно време сè повеќе атрактивни се и досега недопрените предели и алтернативни дестинации кои се прекрасни и полни со убавини.
Таква е и месноста Бела Вода, скриена зад околните ритчиња од Малешевијата, богата со реки и чист воздух. Поминувајќи покрај популарната викенд-населба Суви Лаки, по само 5 километри возење кон Берово, се открива овој центар кој е уште една од многуте убави македонски дестинации.

 

6.Прилепска белешка

Сите насилници, поробувачи, борци остануваат за спомен, а Прилеп, стои и понатаму пркосно…Да! Прилеп е град-сведок на отвореноста, слободоумноста… Свежата умерено континентална клима нежно ќе ве погали во градскиот парк познат по Могилата на непобедените, а сега и по мини зоолошката градинка.
Зелениката расцветала таму некаде на излезот од градот кон магистралата Би­­тола–Скопје. Ред редени како живи војници во мирен строј, пречекуваат борците по кои градот носи епитет град-херој. Камените скали ве водат до сржта на зданието каде се монументалните споменици во кои векуваат останките на 650 борци за слободен збор, слободен избор, слободен живот, спокојни поради модерната градба на градот со чист поглед.
Мамат интересните фонтани, мостови на детски воздишки, дрвени клупи, мермерна собраниска трибина под ведро небо, идеално за фото-забелешки и пријатно уживање. А, доживување е уникатниот поглед кон Марковите кули, дрвените зданија за воздишки, седенки и свадбени забелешки. Зелениот тепих ве мами и ве кани за да ја почувствувате мекоста и убавината на природната кројка, а горостасниот зимзелен дел крие во себе трим-патеки.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Убавина

Во истиот овој период, поради возбудата, нејзината физичка појава е уште попривлечна од претходно, а тоа објаснува и зошто се појавуваат нови додворувачи.

Вљубувањето го менува телото на жените

Во нејзиното тело, кога сфаќа дека е вљубена, почнува да се продуцира специфичен протеин...

Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина.

СКОПЈЕ ПОБОГАТО ЗА НАД 3.000 НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ – СЕ ИСЦРПИЈА СИТЕ СРЕДСТВА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди...