На седницата на Владата одлучено е полицијата да биде на готовс за да ја контролира ситуацијата по земјотресот.

Објавил: Весна Петровска | 22 септември, 2019 14:28

Погледнете го моментот кога започна пеколниот земјотрес во Албанија: Водителката во ЖИВО читаше вести, студиото се тресеше, а нејзиниот поглед зборува се

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најмалку 108 лица се повредени во силниот земјотрес кој вчера ја погоди Албанија, а моментот кога започнал потресот било забележано и од безбедносните камери на албанската телевизија Ора Њуз Лајме, која во тој момент емитувала вести во живо.

Иако потресот бил страшен, водителката продолжи да чита вести додека програмата не била прекинета, но нејзиниот поглед пол со страв доволно зборува за тоа колку силно се мрдала земјата.

Земјотресот предизвика повреди и материјална штета во некои градови низ земјата, а најлошо поминале Тирана и Драч.

Во потресот исто така биле оштетени повеќе од 290 куќи, а нас 20 станбени згради се појавиле пукнатини.

На седницата на Владата одлучено е полицијата да биде на готовс за да ја контролира ситуацијата по земјотресот.

После привот земјотрес од јачина од 5,8 степени по Рихтер уште еден силен земјотрес го погоди подрачјето на Албанија околку полноќ и тоа со јачина од 5 степени со епицентар во близина на Драч, а потоа се почувстувале серија од неколку послаби земјотреси.

Многумина граѓани ноќта ја поминаа под отворено небо.

Според забележаните податоци, ова е најсилниот земјотрес во последните 20-30 години.

Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Страшни фотографии по земјотресот во Албанија

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

Науката што се занимава со изучување на земјотреси се нарекува сеизмологија, но и покрај големиот напредок на технологијата и новите сознанија, и денес е многу тешко да се предвиди земјотресот и неговите последици. Направата со којашто се мери земјотресот се нарекува сеизмограф, а документот што останува се нарекува сеизмограм.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.