Паркот Кеукенхоф се наоѓа во непосредна близина на Амстердам и е создаден во 1949 година

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јануари, 2023 5:43

Погледнете како изгледа најголемиот цветен парк во светот- уживајте во магијата на боите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ах, колку е прекрасна глетката во паркот Кеукенхоф,каде што можат да се видат најубавите цвеќиња.

Во светот постојат околу 3.000 видови лалиња, а во Холандија преку 1.000

Овој парк се наоѓа во непосредна близина на Амстердам и е создаден во 1949 година, од страна на тогашниот градоначалник на градот Лисе и е најголемиот цветен парк во светот, кој се простира на површина од 32 хектари, а секоја година се садат околу 7 милиони цветови!

Инаку секоја година темата на паркот е различна.

Најубаво за посета е во април и мај, кога цвеќињата ја добиваат својата убавина, нивните силни бои и прекрасни мириси. Иако за многумина е познат како паркот на лалињата, сепак во овој парк не се става акцент на едно одредено цвеќе, туку целта е да се пренесе убавината на сите цветови подеднакво.

Секоја година дизајнерите работат на создавање на нови, непофторливи композиции.

Инаку лалињата во Холандија може да ги видите во секоја куќа и сечиј двор, па токму затоа првата асоцијација за оваа земја се токму прекрасните лалиња, кој на овие простои пристигнале во текот на 16-тиот век а веќе на средината на 17-от век станале толку популарни, што еден цвет можел да се продаде по исклучително висока цена која некогаш е повисока и од 1.500 евра. 

Во Кеукенхоф сезоната на цветање започнува во март, најпрво со цветање на качунките, потоа следува нарцисот и во април расцветуваат лалињата и зумбулите, а во август гладиолите.

Уживајте во прекрасниот Кеукенхоф и барем за овие неколку минути додека го гледате видеото препуштете се прекрасната глетка и замислете колку би било убаво барем еднаш секој од нас да го посети овој парк кој буквално е како од бајките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Видео

Сите ја знаеме љубовната приказна од овој филм и сите стоиме на ставот дека би било поубаво кога крајот би бил поинаков. И бил поинаков, но во текот на монтажата бил исфрлен.

ОВА Е КРАЈОТ НА “ТИТАНИК” ШТО НИКОГАШ НЕ ГО ВИДОВМЕ(видео)

Филмот „Титаник“, проект на познатиот режисер Џејмс Камерон, бил озлогласен како...

Веднаш интервенираше Брза помоши Боки е пренесен во болница. Но она што го скрена вниманието беше човек во униформа,  кој „културно“ го испраќа покажувајќи кон своите препони.

Ја засрами полициската униформа: Полицаец се фати за половиот орган додека го носат Боки 13 во болница!

Додека првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски го изнесуваат на носилка,...