Рускиот претседател, Владимир Путин сака сам да приготвува месо во природа исто така и маринад.

Објавил: admin@magazin | 31 март, 2019 20:26

Погледнете како Рускиот Претседател Путин го поминува слободното време (видео)

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Првиот човек на Република Тува, Шолбан Кара Ол, откри на медиумите како Рускиот претседател, Владимир Путин го поминува одморот.

Општо е познато дека Рускиот претседател во слободно време сака да оди во природа и на риболов. Обожава да јава на коњ и да оди на стрелање.

Рускиот претседател, Владимир Путин сака сам да приготвува месо во природа, и секогаш приготвува маринад. Тој додаде дека месото секогаш е вкусно, но не ја откри тајната за маринадот.

Освен тоа, Путин во текот на одморот секогаш пие домашно кафе. Тој секогаш спрема одлично кафе на логорски оган. Се гордеам што ова го научив бидејќи исто така им правам кафе на моите дома. Кафе со шеќер што се карамелизира, па треба да се измеша со млеко, откри Кара ОЛ што сака да прави во слободно време Рускиот претседател.
Како што наведе тој, Путин обожава да пие чај од Тува и секогаш става многу шеќер во него.

Најважна состојка е водата. Ние земаме вода од изворот и зелен чај, а во советското време го викавме грузински.

Малку се соли, па се чека да зоврие и потоа се полива млеко. Кога млекото ќе зоврие, веднаш ќе го замешате со чајот. Може да се додаде и путер.

Владимир Владимирович Путин е руски политичар и моментален претседател на Русија од 7 мај 2012 година.

Путин претходно бил претседател во периодот од 1999 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, каде по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петерсбург во 1991 година.

[ngg src=”galleries” ids=”4″ display=”pro_horizontal_filmstrip”] 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.