Малиот Љуба доаѓа од Белград и има само шест години а веќе технички и музикално пее како возрасен

Објавил: Македонка Димкин | 29 јануари, 2019 1:06

Погледнете како шестгодишно дете, ја пее БАТО од Калиопи! (Видео)

Фото/Текст извор: ©Al musik / Magazin

Малиот Љуба доаѓа од Белград и има само шест години а веќе технички и музикално пее како возрасен. Љуба Станковиќ првпат се појави на музичкото шоу ПИНКОВЕ ЅВЕЗДИЦЕ во Белград со само пет години ги освои симпатиите на публиката а посебно на жирито кои не криеја дека се воодушевени.

Љуба освен што многу добро пее има и смисла за сценски настап, и многу добро ја владее сцената.
Малиот супер талент од Белград за една година напредна многу, неговиот труд и поминатите часови на вежби очигледно го дадоа својот резултат.


Калиопи после Тоше е сигурно една од најпопуларните пеачки од Македонија. Таа двапати ја претставуваше Македонија на Евровизија а последен пат во Шведска во Стохолм со песната ДОНА

Композицијата Бато ја испеа нашата дива Калиопи Букле, а ја напиша нејзиниот тогашен сопруг Ромео
Нашата пејачка со раскошен  глас, Калиопи Букле, е популарна и сакана низ цела поранешна Југославија.


Она што луѓето прво го мислат кога се спомнува нејзиното име е песната “Родени” или “Бато”, која веќе со децении е една од најубавите поп песни во регионот. Калиопи за тоа како настанала БАТО: .”Бевме на турнеја по тогашниот Советски сојуз во 1987 година и беше многу напорно. Турнејата траеше скоро три месеци. Имавме понекогаш и две концерти во еден ден. Едната ноќ не можевме да спиеме, а Ромео (тогашна сопруг), не заспа неколку дена, ја зеде гитарата и ја направи песната “Родени” (Бато). Се сеќавам како денес кога јас ги слушнав првите звуци на песната почувствував неверојатна магија, ”

Дека БАТО е навистина безвременска погледнете и од настапот на малиот Љуба

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поп

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко Илиевски, Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!"

Четири славејчиња со песна за Влатко Илиевски- Со тебе пораснавме, а сега те нема!

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко...