Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, со својата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска и нивниот син Огнен живеат на Вила Водно.

Објавил: admin@magazin | 13 октомври, 2019 17:39

ЛУКСУЗ НА СИТЕ СТРАНИ: Овде живеат претседателот и првата дама на Македонија!

Фото/Текст извор: ©гламур

Ова е местото каде живее нашиот претседател со своето семејство.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, со својата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска и нивниот син Огнен живеат на Вила Водно.

На истото ова место претходно, за време на своите два мандати, живееше и претседателот Ѓорѓи Иванов со своето семејство. Интересно за претседателот Стево Пендаровски е тоа што тој не сакаше да се пресели во претседателската резиденција на Водно, но тоа решил да го направи затоа што не сакал неговото обезбедување да им пречи на соседите.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, со својата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска и нивниот син Огнен живеат на Вила Водно.

По преземањето на претседателската должност, во интервју за телевизија Алсат изјави дека решил да се пресели во резиденцијата бидејќи во спротивно неговите соседи, поради безбедносните протоколи, би имале променет режим на слободното движење. Тој живееше во населбата Автокоманда, во зграда, пред да се пресели заедно со семејствово во Вила Водно.

Како да ја посетите Вила Водно.

Кабинетот на претседателот и Вилата Водно се отворени за сите граѓани. Секој што има желба, има можност да ги види одблизу кабинетот, работните простории на Вилата, на сите вработени во Кабинетот на претседателот, салата каде што се организираат настани, прес-конференции и слично.

Посетителите имаат можност да дознаат факти за објектот, како и да учествуваат на настани од јавен карактер коишто се организираат во Вилата.
Влезот во Вила Водно ќе биде слободен за сите најмалку 2 дена во месецот и ваквиот отворен кабинет ќе биде редовна пракса.
За посета на Кабинетот на претседателот на Република Македонија и на Вила Водно секој граѓанин може да се пријави пополнувајќи го формуларот на сајтот pretsedatel.mk.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.