Нова скулптура во Скопје

Објавил: Стефан Каневче | 13 мај, 2019 11:18

Погледнете ја новата скулптура на Мајка Тереза

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

 

Жарко Башески е македонски скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и дел од Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Се вбројува меѓу најдобрите светски хиперреалисти, а покрај самостојните домашни изложби, неговите дела се дел од реномирани интернационални изложби во Европа и во светот.

За Жарко Башески се својствени изработките во реалистичен и хиперреалистичен манир. Облечена во својата специфична бела облека со три карактеристични сини линии на рабовите, препознатливите брчки на лицето, погледот и насмевката и споените дланки. 

Мајка Тереза како буквално да оживеала во хиперреалистичната скулптура „Света мајка Тереза“, која ќе биде дел од поставката на нејзината Спомен-куќа во центарот на Скопје.

По повод историската посета на папата Франциск, во чест на Скопската бискупија при Римокатоличката црква, македонскиот скулптор и професор Жарко Башески ја збогати галеријата на Спомен-домот на добитничката на Нобеловата награда за мир и светица во католичкиот свет, Мајка Тереза, со нејзина скулптура изработена во реалистичен манир, карактеристичен за Башески.

– Скулптурата која ја оживеа професорот Жарко Башески поседува бесценета вредност за нас што работиме, константно ја градиме и пренесуваме приказната за Мајка Тереза. Реакциите што ги посведочивме од самите посетителите и убавите зборови се од големо значење, како и восхитот и воодушевувањето од реалноста и деталноста на скулптурата. Ова уметничко дело е од огромна важност за нас и сериозно ја зголемува привлечноста на понудата на Спомен-куќата на Мајка Тереза за идните домашни, но и странски посетители – вели Ариан Асланај, директор на Спомен-куќата.

За Башески се својствени изработките во реалистичен и хиперреалистичен манир, а еден од главните материјали користени и за ова дело е силиконот, кој во комбинација со полимер исклучително придонесува за реалниот впечаток на оваа скулптура, која отсега ќе биде дел од галеријата на Меморијалниот центар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.