Во дворот на семејната куќа Милошевиќ присуствуваа многубројни пријатели, колеги и роднини кои положија свежо цвеќе.

Објавил: admin@magazin | 20 април, 2019 18:07

ПОГРЕБАНА МИРА МИЛОШЕВИЌ- Со оваа руска песна е испратена за последен пат во родниот крај!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Мирјана Марковиќ-Мишковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ почина на 14 април, во 77- та година од својот живот, поради компликации со белите дробови.

Таа по своја желба беше кремирана во Русија, а денеска нејзината урна е положена во Пожаревац. Таа беше испратена со Руската песна „ Падмосковска вечера„ под липата на гробот каде што е почива нејзиниот сопруг, Слободан Милошевиќ.

Во дворот на семејната куќа Милошевиќ присуствуваа многубројни пријатели, колеги и роднини кои положија свежо цвеќе.

На присутните се обрати Милован Бојниќ, кои рече дека Мира после две децении повторно се врати дома.

Денеска беа кремирани посмртните останки од Мирјана Марковиќ, сопруга на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ и поранешна лидерка на партијата Југословенска левица (ЈУЛ). Марковиќ живееше во Русија со статус на политички бегалец веќе долг период.

Еве сме тука, на вашето место, под липата после толку години. Како и на кој начин да го објаснам овој живот, како да отворам врата и направам простор за обичниот свет. Нас ни се случуваат несреќи бидејќи често ги посакуваме. Драга Миро, сега ќе се одмориш. Слободан Милошевиќ беше голем водич, добар човек. Овој двор ќе биде претесен за сите оние кои ја ценат вашата жртва. Овде се завршува кругот на двајца луѓе кои никога не се разделија. Таа беше една среќна жена. Книгите кои ги пишуваше зборуваат за неа.

На последниот испраќај присуствуваа Милутин Мрконјиќ, Славица Џукиќ Дејановиќ, Жарко Обрадовиќ и Војислав Шешељ.

Пред тоа беше одржана комеморација, каде бројни пријатели и граѓани на Пожаревац дадоа почит на Мира Милошевиќ.

На комеморација присуствуваа Момир Булатовиќ некогашниот претседател на сојузната влада на СР Југославија и еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ, како и некогашниот претседател на Владата на Република Србија Никола Шиановиќ.

Во Москва пред неколку денови беа кремирани посмртните останки на вдовицата на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, Слободан Милошевиќ, Мирјана „Мира“ Марковиќ.

На кремирањето присуствуваа нејзиниот син Марко Милошевиќ, претставници на Амбасадата на Србија во Москва и близок круг на пријатели и соработници на Марковиќ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...