Од Управата на градските гробишта Бутел ја демантираа веста дека поранешниот пратеник ќе биде погребан во Алејата на великаните, туку во делот на гробиштата наменет за исламски верници.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 октомври, 2020 15:31

ПОГРЕБАН АМДИ БАЈРАМ: Со голема поворка автомобили испратен до вечното почивалиште

Фото/Текст извор: ©магазин/фото:Зоран Божиновски

Со голема поворка поранешниот пратеник, Амди Бајрам испрaтен до вечното почивалиште во гробиштата во Бутел. Поворката тргна од семејната куќа на Бајрамови во општина Бутел.

Некогашниот пратеник и лидер на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам почина вчера во клиниката „Филип Вотри“.

Вчера попладне беше соопштено дека посмртниот тест на Бајрам покажал дека тој бил заразен со Ковид 19!

Синот на Амди, Габриел Бајрам преку Фејсбук апелираше до присутните за придржување до мерките за КОВИД 19, да носат маски и да држат дистанца.

Со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко, и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет. – напиша Габриел Бајрам.

Од Управата на градските гробишта Бутел ја демантираа веста дека поранешниот пратеник ќе биде погребан во Алејата на великаните, туку во делот на гробиштата наменет за исламски верници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.