Погребот бил затворен за јавноста и присуствувале само најблиските членови на семејството.

Објавил: Владо Марин | 12 февруари, 2020 7:03

ПОГРЕБАН КОБИ БРАЈАНТ: Легендата почива во мир на пат кон вечноста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Легендарниот американски кошаркар Коби Брајант погребан е заедно со неговата 13 годишна ќерка Џиана, вчера на приватна церемонија во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.

Погребот бил затворен за јавноста и присуствувале само најблиските членови на семејството.

Комеморацијата за Коби Брајант и неговата ќерка Џиана ќе биде одржана на 24-ти февруари во Стејплс центарот, пишуваат од „Лос Анџелес Тајмс“.
Неименуван извор го отрил и местото и времето на комеморацијата која ќе биде одржана на симболичен датум.

Коби Брајант беше американски професионален кошаркар, кој играше во НБА лигата за екипата на „Лос Анџелес Лејкерс“ и е син на поранешен НБА играч Џо Брајант. Тој е висок 198 см, тежок 95 кг и игра на позицијата бек. Коби имал одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата.

Бројот 24, Брајант го носеше во текот на својата кариера додека пак неговата ќерка го носеше бројот 2, а овој број го симболизира месецот февруари.
Една од идеите била комеморацијата да се одржи на фудбалски стадион за да може да присуствуваат поголем број луѓе, но на крајот изборот е на местото каде што Коби Брајант ја испиша својата кошаркарска историја.

Американскиот кошаркар Коби Брајант загина на 26 јануари на 41-годишна возраст при пад на неговиот приватен хеликоптер во Калифорнија заедно со неговата ќерка и уште 7 лица.

Брајант беше еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња.
Пред да се пензионира после 20-годишн кариера, како кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс освои 5 трофеи и учествуваше на 18 ол-стар натпревари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...