Одржан првиот Ивент Штафета на Еднквоста во Струмица со јасна порака „Прашај ме за моите способности, не за моите ограничувања!"

Објавил: admin@magazin | 23 јули, 2018 12:06

Подај ми рака и биди ми другар” порачаа децата со посебни потреби!

Фото/Текст извор: ©Радио Струмица Нет

Вчера, 22 Јули, во Градскиот Парк во Струмица, за прв пат во Македонија, се одржа Штафета на Еднаквоста под организација на Анче Туфекчиева, основач на здружението “Вера” за помош и поддршка на лица со даун синдром и други пречки во развој.

Пред самиот почеток на штафетата, Анче во својот поздравувачки говор, се обрати до присутните, споделувајќи го своето искуство и предизвиците со кои секојдневно се соочува како родител на дете со даунов синдром: ” Никој нема да ви каже дека е лесно, но секој ќе ви каже дека за одгледување на дете со посебни потреби, не треба посебно семејство. Нашите деца ги прават нашите семејства посебни. Заради нашите деца, научивме да бидеме учители, медицински сестри, доктори, спортисти, глумци, пеачи. Научивме дека не сакаме да ги променеме нашите деца за ништо на светот, но ќе го променеме светот за нив.”

Помеѓу пријавените учесници од Струмица и околните градови, беа и градоначалниците на Струмица, Коста Јаневски и Валандово, Перо Костадинов, Советниците на Струмица, Томе Лазаров и Радовиш, Ристо Спасов, поранешната Мис на Македонија и водителка, Сања Николиќ, пејачот Слаткар кој дојде специјално да го изненади и запознае неговиот најголем обожавател, 3 годишниот Максим од Радовиш, како и хуманитарката Мариа Дибиаџио која им донесе медали и подароци на сите деца учесници со посебни потреби.

15 деца со посебни потреби трчаа рамо до рамо со останатите учесници и ја предадоа штафетата која пристигна на целта во рацете на градоначалникот во Струмица. Господин Јаневски ги прочита пораките пред присутните: “Сите Сме Еднакви”, “Заедно Поместуваме Планини”, “Насмевката Е Убава На Секое Лице”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Во рамките на културно-уметничката е вклучен и аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Моќта на нашата држава е во нашата разноликост и капацитет да се обединиме како едно

Со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално...

Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Дефиле на македонскиот општествен мозаик, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси се дел од програмата пред Собранието за 30 години независност

Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста денеска ќе започне пред...

Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје.

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се...

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

ВО САБОТА БЕЛА НОЌ НА 10 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела...