Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.

Објавил: Владо Марин | 13 октомври, 2020 10:00

ПОДГОТОВКИ ВО Х.МОЛИКА И СКИ-ЦЕНТАРОТ КОПАНКИ ЗА ЗИМСКАТА СЕЗОНА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ПОДГОТОВКИ ВО Х.МОЛИКА И СКИ-ЦЕНТАРОТ КОПАНКИ ЗА ЗИМСКАТА СЕЗОНА!

Работна посета на х. Молика и ски центарот Копанки беше реализирана во текот на викендот од страна на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претставници на РЕК Битола, Елемтурс, х. Молика и на фирмата ќерка на ЕСМ, ФОД Битола.

Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.

На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата хотелот, така и во ски-центарот.

Нотирани беа активностите кои се’ уште треба да се спроведат, за што на располагање се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонски

Sorry, no posts matched your criteria.