По иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис

Објавил: admin@magazin | 4 април, 2019 10:26

Поддршка за номинацијата на Заев и Ципрас за Нобел од 33 европратеници од 16 земји

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По прв пат на Балканот со покажано лидерство се постигнува ваков иновативен договор, пишуваат 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел, со кое ја поддржуваат иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за мир за 2019.

Потписниците велат дека се апсолутно убедени оти „предлогот на госпоѓа Бушамауи е правилен пристап и има големо значење, особено земајќи ги предвид сложените  разлики во регионот на Западен Балкан, што многу страдаше од војните“.

Писмото потпишано и од тројца европратеници од СИРИЗА, во целост го објави и грчката новинска агенција АНА-МПА и европратеникот Димитрис Пападимулис на неговиот официјален сајт, јави дописничката на МИА од Атина.

Потписниците велат дека се апсолутно убедени оти „предлогот на госпоѓа Бушамауи е правилен пристап и има големо значење, особено земајќи ги предвид сложените  разлики во регионот на Западен Балкан, што многу страдаше од војните“.

Ова е прв пат на Балканот да се постигне таков иновативен договор. И двајцата премиери го направија овој чекор напред, имајќи голем домашен притисок, а дека на крај стигнаа до таков позитивен резултат, се должи на нивното лидерство. Нивната номинација за Нобеловата награда за мир, испраќа порака до сите дека храброста и прогресивното размислување над националните граници треба да бидат наградени, пишуваат европтатениците во нивното писмо во кое објаснуваат зошто ја поддржуваат номинацијата на двајцата премиери.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика