СМК изразува поддршка на Македонецот Ден Масин за избор за пратеник во Парламентот на Канада со уверување дека Масин недвосмислено ќе застане во одбрана на македонското име и идентитет.

Објавил: Владо Марин | 21 октомври, 2020 9:45

ПОДДРШКА ЗА НОМИНАЦИЈАТА НА МАКЕДОНЕЦОТ ДЕН МАСИН ЗА ПРАТЕНИК ВО КАНАДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

21 октомври 2020 година, Торонто, Канада – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) апелира до сите Канаѓани со македонско потекло да го поддржат Македонецот Ден Масин во изборната единица “Симко Норт“ во Онтарио за кандидат на Конзервативната Партија на Канада за пратеник во Парламентот на Канада.

СМК изразува поддршка на Македонецот Ден Масин за избор за пратеник во Парламентот на Канада со уверување дека Масин недвосмислено ќе застане во одбрана на македонското име и идентитет.

Ден Масин своевремено беше неуморен борец во поддршката Канада да ја признае Македонија под нејзиното единствено име, отфрлајќи го нелегалното, времено обраќање на Македонија во Обединетите Нации “поранешна Југословенска Република Македонија“.

СМК верува дека Ден Масин во Парламентот на Канада ќе биде пратеник со силна поддршка на Македонската заедница во Канада во канадската државна политика.

– Мојата цел е да ги зацврстам односите меѓу Канада и Македонија, да го бранам нашето наследство и идентитет и да добијам поддршка од Канада за враќање на македонското име, – рече Ден Масин во изјава за Меѓународното македонско движење за човекови права во Канада.

Првиот чекор е Ден Масин да стане кандидат на Конзервативната Партија во изборната единица “Симко Норт“ во Онтарио.

СМК ги повикува Македонците кои живеат во изборната единица “Симко Норт“ во Онтарио масовно да се зачленат во Конзервативната партија на Канада и да ја поддржат кандидатурата на Ден Масин за пратеник во Парламентот на Канада.

За дополнителни информации контактирајте го линкот https://www.simcoenorthconservative.ca/join-us/ или кандидатот на е-маил danmasin4cpc@gmail.com.

Семејството на Масин доаѓа од Прекопане и В’мбел од Егејска Македонија, ним добро им’ е позната македонската борба за опстанок.

Презимето на семејството Масин беше принудно променето во Масинис од страна на грчките власти, но по преселбата во Канада тие си го вратија македонското име (многу од постарите македонски родови завршуваат на “ин“).

Македонците се соочени со сериозна борба за македонското име и идентитет во изминатите децении. Потребен е глас во западната политика кој ќе се заложи за поддршка на Македонија и на Македонскиот народ. Ден Масин се понуди да биде тој глас и Македонската заедница во Канада не смее да ја пропушти оваа шанса!

СМК и Меѓународното македонско движење за човекови права во Канада ги повикуваат сите Македонци во Канада да му помогнат на Ден Масин да ја оствари номинацијата за пратеник во Канадскиот Парламент преку Конзервативната партија на Канада.

Процесот на номинација е во тек и наскоро ќе се гласа за избор на кандидатот. Контактирајте го Ден и понудете му ја својата поддршка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани