Имено во Македонија ретко во кој салон се прави вистинска масажа на косата, што е многу важно за циркулацијата на кожата на главата. инсистирајте на тоа.

Објавил: Македонка Димкин | 18 ноември, 2018 17:15

Подигнете ја вашата самодоверба само со неколку совети!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Иако многу фризери препорачуваат дека косата најдобро е да се суши по природен пат, во текот на зимата тоа не е добар избор. Но пред да зборуваме за сушењето на косата потребно е да ви откриеме една тајна за здрав коса.

Имено во Македонија ретко во кој салон се прави вистинска масажа на косата, што е многу важно за циркулацијата на кожата на главата,  а згора на тоа се шушка и дека Балканскиот пазар не добива оригинални или квалитетни шампони од Брендот Wella, Schwarzkopf или Loreal туку се лиферува најчесто втора класа од нивните продукти.

Но, побарајте го следново од вашиот фризер или фризерка, така во лето, на крај да ви ја измие косата со многу ладна вода, а во зима да ве обвие со многу жешка крпа. Тоа се прави за да се направи еден таканаречен бјути штрес на косата со што таа фактички сама и природно се заштитува.

Во лето измијте ја косата со многу ладна вода, а во зима обвијте ја со многу жешка крпа. Тоа се прави да се направи еден таканаречен бјути штрес на косата со што таа фактички сама и природно се заштитува.

Во продолжение важните постапки при стајлингот на косата.

Вистинско време за сушење

По миењето, најдобро е прво да ја завиткате косата во пешкир за да се исцеди добро. Доколку почнете да ја сушите веднаш, процесот ќе трае подолго и ќе ја горите косата со фенот многу подолго.

Од каде да почнете со сушење?

Најдобро е да ја сушите косата однапред наназад, а ако сакате екстра волумен, најдобро е да ја спуштите косата надолу и така да ја сушите.

Ако ја сушите од патецот надолу, ќе ви биде залепена за глава. Обликувајте ги фризурата и патецот дури откако целосно ќе ја исушите косата.

Избор на фен

Многу е важно да знаете како да ја држите четката и скоро во ритам да работите со фенот.

Квалитетниот фен со поголема јачина, побрзо ќе ја заврши работата и помалку ќе ја оштети косата, но внимавајте никогаш немој да фенирате одблизу, и секогаш со иста рутина.

Избор на вистинската четка

Доколку сакате косата да ви биде бујна, важно е да знаете дека таков ефект ќе постигнете ако ја фенирате со тесна четка, а широката четка е идеална за рамнење на косата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Убавина

Во истиот овој период, поради возбудата, нејзината физичка појава е уште попривлечна од претходно, а тоа објаснува и зошто се појавуваат нови додворувачи.

Вљубувањето го менува телото на жените

Во нејзиното тело, кога сфаќа дека е вљубена, почнува да се продуцира специфичен протеин...

Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина.

СКОПЈЕ ПОБОГАТО ЗА НАД 3.000 НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ – СЕ ИСЦРПИЈА СИТЕ СРЕДСТВА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди...