Во една од привремените болници во Вухан, тим за медицинска помош од автономниот регион Синџанг измисли неколку едноставни движења за да ги расположи болнитеод коронавирусот. И додека повеќето луѓе во државата стравуваат од опасниот коронавирус,  овој подиум е полн со живот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 февруари, 2020 18:31

ПОДИУМОТ Е СПРЕМЕН: Со песна и танцување ги лекуваат пациентите заболени од коронавирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Терапијата со песна и танц е подеднакво делотворна како и медицинската терапија. За да ги расположат болните од смртоносниот коронарниот вирус, медицинскиот персонал понуди традиционален танц на Синџанг.

Ванг Јиан, главна медицинска сестра во болницата во Вухан вели дека биле откриени вистински таленти меѓу пациентите.

Во една од привремените болници во Вухан, тим за медицинска помош од автономниот регион Синџанг измисли неколку едноставни движења за да ги расположи болните од коронавирусот. И додека повеќето луѓе во државата стравуваат од опасниот коронавирус,  овој подиум е полн со живот.

„Пациентите сега бараат од нас да танцуваме секој ден. Ова дефинитивно делува добро на нивното физичко и ментално здравје “, објаснува Ипаре Ехмет, член на тимот за медицинска помош во Ксинџијанг.

Оваа болница е наменета за сместување на пациенти со полесна пневмонија. Медицинскиот тим ги  охрабрува болните пациенти со разни активности како и со танц.

„Не им е лесно на пациентите кои престојуваат овде. Ние сакаме да им ги олесниме работите, да им помогнеме со нешто што ќе им го привлече вниманието. Исто така, со тоа ја подобруваме и  ефикасноста на нашата работа. Ние ги научивме чекорите за танцување, вежбајќи по половина час на ден “, вели Ванг Јиан, главна медицинска сестра во болницата во Вухан.

Таа вели дека биле откриени вистински таленти меѓу пациентите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.