Колинда изрази благодарност до сите Хрвати кои и дале поддршка и доверба, а се заблагодари на ХДЗ, на претседателот на партијата, Андреј Пленковиќ и на секој член.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2019 15:18

Под слоганот „Затоа што верувам во Хрватска“ Колинда ја објави кандидатурата за втор мандат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Колинда Грабар Китаровиќ првата жена претседател на Хрватска под слоганот „Затоа што верувам во Хрватска“ ја објави кандидатурата за втор мандат, јавуваат хрватските медиуми.

Колинда Грабар Китаровиќ е единствената жена претседател на Балканот која стапи на сила на 11-ти јануари 2015 година како предлог на ХДЗ.

– Вашата доверба е мојата сила. Како претседател секогаш јавно ги искажував најважнит епроблеми, отворајќи јавна расправа по нив и нудејќи ги своите решенија. Сега ја барам вашата доверба за втор мандат – рече Грабар Китаровиќ, нагласувајќи ја важноста за општеството.

Колинда изрази благодарност до сите Хрвати кои и дале поддршка и доверба, а се заблагодари на ХДЗ, на претседателот на партијата, Андреј Пленковиќ и на секој член.

– И понатаму ќе бидам сведок на сувереноста, на нашиот начин на живот и на идентитетот. Хрватска по мерка на човекот, тоа  емојата цел, мојата должност, тоа е должност на сите нас – порача хрватската престедателка.

Инаку од 2011 до 2014 година Грабар-Китаровиќ работеше како помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО. Таа е првата жена помошник генерален секретар на НАТО. Пред тоа е министер за европски работи (2003-2005) и министер за надворешни и европски работи (2005-2008) во Владата на Иво Санадер и хрватски амбасадор во САД (2008-2011). Таа е член на конзервативната партија Хрватска демократска заедница од 1993 година и е еден од тројцата хрватски членови на Трилатералната комисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.