Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје за МИА изјавија дека на терен се испратени три возила и оти пожарот е сè уште активен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јануари, 2020 11:52

Пожар во скопската гимназија „Браќа Миладиновци“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утринава во  зоопросторијата на гимназијата „Браќа Миладиновци“ во скопската населба Драчево избувна пожар на кој сè уште интервенираат скопските пожарникари.

Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје за МИА изјавија дека на терен се испратени три возила и оти пожарот е сè уште активен.

Пожарот бил пријавен околу 10 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести