Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот. Како што претходно информираше „Република“ на лице место пристигнал и трет противпожарен камион.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2020 11:49

Пожар во стан во скопската населба Ново Лисиче- пожарникарите ги извлекуваат станарите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото илустрација

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската населба Ново Лисиче. Чадот е раширен низ целата населба, јави порталот Република.

Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот. Како што претходно информираше „Република“ на лице место пристигнал и трет противпожарен камион.

Пожарникарите од скопската противпожарна бригада во моментот извлекуваат луѓе од запалениот стан во зградата во Ниво Лисиче.

Владимир Симоновски, командантот на противпожарната бригада,  за „Макфакс“  изјавил дека додека на една страна се гаси пожарот, од соседната соба се извлекува станарка.

„Во соба веднаш до онаа каде што избил пожарот има жена која што оди на дијализа. Сега ја извлекуваме“, рече командантот Симоновски.

Пред два дена во село Романовце,кумановско во куќа сопственост на Ш.А. при експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три малолетни лица на возраст од 8, 9 и 11 години починале на местото на настанот, а шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телсени повреди но поради сериозноста на повредите истите биле префрлени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“. 

Соседите, и случајни минувачи кои биле сведоци на пожарот кој избувна претпладнево велат дека пожаникарите извлекле и жена заглавена во лифотот откако избил пожарот.

Запалениот стан е на булеварот „АСНОМ“ број 64 во Ново Лисиче. Станарите велат дека причина за пожарот била плинска боца.

Пред само два дена како последица на плинска боца, во кумановското село Романовце животот го загубија три деца, а вчера на повредите им потклекна уште едно лице. Останатите пет лица се тешко повредени при експолозијата на плинска боца која настанала во семејна куќа и се здобиле со тешки изгореници.

Денеска во Куманово е ден на жалост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...