Во моментов пожарот го гаснат 25 пожарникари со 10 возила.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2019 15:58

Голем пожар беснее во стан населбата Кисела Вода, пожарникарите евакуираат станари!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Голем пожар избувна денеска во стан на петти кат на улицата „Народни Херои“ во Општина Кисела Вода.

Пожарот во моментот го гаснат 25 пожарникари со 10 возила, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
На терен се излезени екипите на брза помош и на полицијата.

Според најнови инфорамции направена е голема материјална штета а пожарот се проширил на другите станови од петтиот кат. Пожарникарите ги згрижија на безбедно децата од станот што се наоѓа над опожарениот со помош на скала.

Еден пожарникар е повреден при гасењето на пожарот, и со возило на итна медицинска помош итно е пренесен во најблиската болница. Заробени се и неколку лица во становите кои се наоѓаат околу опожарениот стан. Пожарот се уште беснее.

Повеќе информации наскоро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.