До 22 ноември глобално се регистрирани над 57.8 милиони случаи и 1.3 милиони смртни случаи од почеток на пандемијата!

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 ноември, 2020 17:32

Позитивно е што бројот на активни случаи полека се стабилизира, вели Филипче!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Епидемијата го достигна пикот пред една недела, оттогаш бројките се стабилизирани. Тие се во ниво на едно плато и тоа ни укажува дека Р0 факторот на преносливост е практично позитивно е што бројот на активни случаи полека се стабилизира, што исто така се регистрира и во Европа!

➡️ До 22 ноември глобално се регистрирани над 57.8 милиони случаи и 1.3 милиони смртни случаи од почеток на пандемијата;

➡️ Сите земји се соочуваат со истиот предизвик – менаџирање на болничките капацитети, недостаток на болнички кревети и медицински персонал;

➡️ Во изминатиот период евидентираме високи бројки на оздравени од домашно и болничко лекување. Минатата недела, процентот на оздравени во однос на претходната е зголемен за 45%, а трендот на зголемен број на оздравени продолжува и во текот на оваа недела;

➡️ Засега успешно се менаџира напливот на пациенти, има кревети за хоспитализација, притисокот врз болниците и медицинските работници е голем.

➡️ Се мобилизира целиот кадар кој што е на располагање, кој може да волонтира или пак да се приклучи. Се користат сите ресурси и се прави организација.

➡️ Системот Мој Термин, освен во некои клиники кадешто е редуциран насекаде работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции.

➡️ Функционира истиот систем којшто функционира со години наназад, а тоа е дека прва инстанца на којашто се јавуваат е матичниот лекар којшто прави проценка на здравствената состојба. Индицира одредени анализи, преглед и врз основа на состојбата препишува терапија. До овој момент нема терапија специфична за ковид-19 вирусот никаде во светот;

➡️ Фавипиравирот е се уште лек за којшто се водат бројни студии, близу 30 студии во светот. И ремдесивирот е неспецифичен за оваа болест, но со одредени докази дека влијае на скратување на периодот на хоспитализација, а не на преживувањето;

➡️ Имаме доволна количина на заштитна опрема, близу милион ипол парчиња, дел од набавки, дел од огромниот број на донации;

➡️ Денеска ја почнуваме постапката за набавка на брзи тестови. Во меѓувреме, 20 илјади тестови стигнаа како донација, 13 илјади се веќе поделени и се користат во многу здравствени установи во нашата земја, уште 6 има во резерва и има план да се дистрибуираат следната недела;

➡️ Координацијата помеѓу директорите на клиниките во Скопје и внатрешноста оди добро.

➡️ Мерките мора да се почитуваат. Очигледно едека даваат резултати. Го немаме веќе оној н пораст на број на пациенти, ниту огромниот притисок како што беше пред неколку недели кон болниците.

 Позитивни се вестите кои доаѓаат во однос на вакцините. Веќе има вакцини кои се во завршните фази. Тоа е една одлична вест што следната година верувам дека ќе ја смени целокупната слика за пандемијата во светот. Во таа насока, ќе може да очекуваме и стабилизација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...