Во моментов тој е во стабилна состојба, додал директорот на болницата, најавувајќи повеќе информации во текот на денешниот ден.

Објавил: Владо Марин | 9 септември, 2020 7:11

Позната здравствената состојба на Боки 13 по операцијата!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчеравечер во доцните часови во медиумите излезе вест дека осудениот Бојан Јовановски бил итно пренесен во болницата за хируршки болести „Св. Наум“ (поранешна Градска болница) и врз него е извршен зафат!

Неколку часа подоцна, доктор Арсенков за Фокус изјавил дека Јовановски бил примен околу 19 часот како итен случај и по извршените испитувања веднаш бил упатен кон операциона сала.

Во моментов тој е во стабилна состојба, додал директорот на болницата, најавувајќи повеќе информации во текот на денешниот ден.

Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева се прогласени за виновни во случајот „Рекет“.

Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.

Покрај затворските казни, во пресудата има одлука и за конфискација на запленетите работи од Јовановски, меѓу кои имаше 70-тина вреќи брендирана облека, уметнички слики, мебел!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести