Пејачот Томовиќ на својот Инстаграм-профил оставил и проштална порака, во која им упатил извинување на најблиските и побарал да биде погребан на Цетиње.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 октомври, 2019 11:40

Познатиот пејач го најави своето самоубиство на Инстаграм- полицијата го спречи навреме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

37 годишниот црногорски фолк-пејач Бојан Томовиќ како што објавија медиумите наводно изминатиов викенд се обидел да се самоубие, но трагичниот исход е избегнат кога полицијата упаднала во неговиот стан.

Пред неколку години Бојан Томович донесе одлука дека не сака да има деца бидејќи неговата болест е наследна

Пејачот Томовиќ на својот Инстаграм-профил оставил и проштална порака, во која им упатил извинување на најблиските и побарал да биде погребан на Цетиње.

„Мајко, брате, извинете, но јас не можам повеќе. Никој не е виновен. Заминувам среќно кај мојот Таја. Погребајте ме на Цетиње, тоа ми е единствената и последна желба“, напишал пејачот, кој инаку боледува од тешка психичка болест – биполарно нарушување.

Како што пренесува порталот „Инсајдер.ин“, црногорската полиција интервенирала на повикот на соседите, кои пријавиле дека нешто чудно се случува во станот на познатиот пејач. По интервенцијата, Бојан бил пронајден во критична состојба.

Инаку Бојан Томовиќ пред четири години беше исфрлен од реалното шоу „фарма“ поради неговото насилничко однесување. 

Томовиќ тогаш ја прекачил оградата и побегнал од фармата. Веднаш бил вратен на имотот, но веднаш почна и да ја бара Зорица Марковиќ за да ја тепа. 

Учесниците тврдата дека Бојан бил под дејство на пилули кои ги конбинирал со алкохол, па овој настан кој викендов ја потресе јавноста го поврзуваат со неговото конзумирање на супстанции. 

Бојан Томовиќ веќе подолго време не е актуелен на музичката сцена, а неодамна откри дека боледува од биполарно растројство, хронично ментална болест, позната како и пореметување на расположението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Дали Андреа заслужено ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022?

Вчера вечер беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа...