Пејачот за јавноста откри дека од неодамна е во брак со својата другарка од детство Чери Сиборн.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2019 14:24

Познатиот пејач Ед Ширан се оженил со својата другарка од детство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот британски пејач Ед Ширан кој буквално ја освои публиката со своите познати хитови откри дека се оженил.

Пејачот за јавноста откри дека од неодамна е во брак со својата другарка од детство Чери Сиборн.

Уште од март медиумите објавуваа дека британската поп-ѕвезда Ед Ширан на тајна свеченост која се случила пред Божиќ, на која не биле повикани ни неговите најблиски меѓу многубројните славни пријатели, се оженил со својата љубов од детството Шери Сиборн, објави таблоидот „Сан“.

Ед Ширан во едно интервју откри дека токму песната која е вистински хит, а ја отпеа со со Еминем и 50 Сент, е всушност таа која ја откри нивната врска, односно деа парот од неодамна е во брак.

За текстот на песна „Remember My Name“, Ширан вели дека очигледно е дека е посветена на неговата девојка Чери , бидејќи токму во таа песна ја нарекува своја сопруга.

-Всушност ја напишав пред да се венчаме Чери и јас, но знаев дека ќе се венчаме пред песната да биде објавена. Некој ќе ја слушне песната и ќе рече: „Ох, па тие се венчале! Не знаев како тоа ќе се протолкува, но очевидно е дека веќе сите знаат, истакна популарниот пејач.

Ед Ширан и Чери Сиборн се познаваат откако биле деца, но почнале да се забавуваат дури во 2015 година, кога заедно заминале на журка која ја организирала пејачката Тејлор Свифт по повод американскиот Ден на независност- 4 јули. Тие се вериле во јануари 2018 година.

Инаку пејачот постигна голем успех со своите хитови како што се Perfect, Thinking Out Loud, Shape of You, Photograph…

Во продолжение слушнете ја песната посветена на неговата сопруга…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.