Фламур Албанецот Алекс Бечири (36), еден од најбараните криминалци во Шведска, беше убиен во Лондон на Бадник пред неговата сопруга и детето.

Објавил: admin@magazin | 28 декември, 2019 10:50

ПОЗНАТ АЛБАНСКИ КРИМИНАЛЕЦ УБИЕН ВО ЛОНДОН: Изрешетан пред жената и детето(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тој беше еден од најбараните криминалци во Шведска, осомничен за трговија со дрога и осуден за шверц на цигари и алкохол.

Фламур Албанецот Алекс Беќири (36), еден од најбараните криминалци во Шведска, беше убиен во Лондон на Бадник пред неговата сопруга и детето.
Тој бил изрешетан со најмалку десет куршуми пред неговиот дом во вторникот вечерта во Батерси.

Неговата сестра се обидела да ги санира повредите, но не успеала да го спаси. Убиецот побегнал, а полицијата моментално е во потрага по осомничениот.

Инаку, Беќири порасна во Малме, а неговите родители се од Косово.

Фламур Албанецот Алекс Беќири (36), еден од најбараните криминалци во Шведска, беше убиен во Лондон на Бадник пред неговата сопруга и детето.

Беќири беше прогласен за еден од најбараните криминалци во Шведска во 2008 година, кога беше дел од организирана банда што шверцуваше канабис вреден два милиони фунти.

Обвиненијата подоцна беа отфрлени, а тој беше прогласен за виновен за шверц на цигари и алкохол и осуден на условна казна.

Шведски извори соопштија дека Беќири, кој имал врски со криминалци со шведското подземје, се преселил во Велика Британија.

Дали продолжил да се занимава со криминал, сè уште не е познато, но се знае дека тој имал скапа куќа и дека се оженил со својата сопруга Дебора Красниќи со раскошна церемонија на езерото Комо.

Беќири, за кој се верува дека има две мали деца, меѓу кои и новороденче, стана 146-та жртва на убиството во Лондон во 2019 година. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...