16-годишното момче И.М. кое го загуби животот е од Ресен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 август, 2020 8:43

Познат идентитетот на момчето кое се удави вчера во Преспанско Езеро

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Трагедија ја потррсе Македонија вчера откако младо 16годишно момче се удави воводите на Преспанското Езеро. 

Од МВР го потврдија случајот и информираат дека трагаат по телото.

-Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби – информира МВР.

Како што вчера објави Нова Македонија до давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.

Сите напори на присутните да го спасат третото момче не успеале.

16-годишното момче И.М. кое го загуби животот е од Ресен.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.