Александар Радуловиќ, сопруг на српската текстописателка Марина Туцаковиќ, во својство на сведок од одбраната денеска сведочеше на Рекет

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 6 март, 2020 16:25

ПОЗНАТ СРБИН дел од истрагата во „Рекет“

Фото/Текст извор: ©телма

Денеска се одржа новото рочиште за Рекет. Во претходните неколку рочишта, како и на денешното биле сослушувани сведоци од листата која ја предложила одбраната. Во својоство на сведок во случајот „Рекет“ се појави и Александар Радуловиќ, инаку сопруг на познатата српска текстописателка – Марина Туцаковиќ.

Тој, неговата сопруга и обвинетиот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски се семејни пријатели долги години. Согласно наводите на одбраната, тие му пружиле парична финансиска помош за отворање на телевизијата. 

Иако Радуловиќ потврди дека му помогнал на Бојан Јовановски, финансиски за отворање на телевизијата, и му позајмил пари во износ од 150 илјади евра, тој не можел да понуди писмен или правно издржан доказ за тоа.

Иако Радуловиќ потврди дека му помогнал на Бојан Јовановски финансиски за отворање на телевизијата, и му позајмил пари во износ од 150 илјади евра, тој не можел да понуди писмен или правно издржан доказ за тоа. Рече дека постои само писмена изјава дека парите му се дадени на Боки, но таа не се верификува како материјален доказ. Според наводите на Александар Радуловиќ, на 21 февруари 2019 година, Бојан Јовановски заедно со неговата мајка и кумата го посетиле домот на Александар Радуловиќ и Марина Туцаковиќ. Тогаш Александар лично на рака му дал на Бојан околу 150 илјади евра. 

Дел од изјавата на сведокот Радуловиќ во продолжение: 

„Со Боки се знаеме 12 години. Прво професионално потоа и приватно. Семејни пријатели станавме. Одевме заедно на одмори, чест гостин ни беше дома. Пред 2 години ни кажа дека ќе отвара телевизија, нам ни одговараше затоа што сакавме да го проширимме влијанието во цел регион. Му дадовме пари за отворање на телевизијата во неколку наврати за да купи опрема и да ја развива телевизијата. Приватно и во овие 12 години му имаме давано пари и не сме склучиле било каков договор писмено.” – истакна Радуловиќ на денешното рочиште 

Листата на сведоци од одбраната постојано се менува. Особено листата на сведоци на одбрана за првиот осомничен во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски. Од листата на сведоци биле повлечени: бизнисменот и поранешен градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, синот на осомничениот бизнисмен во „Империја“, – Цветан Панделевски, Дејан, и сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче. Бројот на сведоци во одбраната се намалува, а за тоа време скандалите не стивнуваат. Скоро секое рочиште Боки 13 и упатува жестоки провокации на обвинителката Вилма Русковска.

Случајот именуван како „Рекет“ се води врз база на обвинение против Бојан Јовановски за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание и против Катица Јанева за злоупотреба на службена должност и овластувања. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.