Само рано претпладнево на усток ќе има услови за послаби врнежи од снег, во југоисточните предели од дожд и снег.

Објавил: Владо Марин | 2 април, 2020 9:02

ПОКАЧУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Детална временска прогноза!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Времето полека се стабилизира, па така до крајот на денов ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди.

Само рано претпладнево на усток ќе има услови за послаби врнежи од снег, во југоисточните предели од дожд и снег. Особено Долж Повардарието и на југоисток ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви перидоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 8 степени.

Потоа утрешното утро ќе биде многу студено. Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени. Релативно студено утро ќе имаме и во сабота со минимални температури од -4 до 3 степени. Максималните дневни температури во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Уште потопло ќе биде во недела со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви пеориоди.

Повремено локално ќе биде и позначително облачно а ќе има услови и за повремен локален но послаб дожд, на повисоките планини снег.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...