Вработување по етнички клуч на нова основа

Објавил: Узунов Бобан | 18 јануари, 2019 8:39

Покрај со Рамковниот, Албанци ќе се вработуваат и според Законот за јазици

Фото/Текст извор: ©магазин

Покрај квотата утврдена за вработувања по етнички клуч, според рамковниот договор се вработуваа и другите помали етнички заедници, додека според законот за употерба на јазици вработувањата ќе бидат само за албанци со што значително ќе се зголеми квотата предвидена и во рамковниот договор од 20 %.

Владата манипулира со граѓаните. Портпаролот на владата јасно кажа дека обврската за вработување Албанци важи за сите институции и дека тие што нема да го почитуваат оваа правило ќе бидат казнети, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата на Владата дека нема да има нови вработувања по етнички клуч.

Според новиот Закон за јазици секој документ од држваните институции мора да биде двојазичен

Владата не може да манипулира со граѓаните, постои видеоматеријал од кој јасно се слуша како портпаролот на владата објаснува што и како се предвидува согласно со Законот за двојазичност. СДСМ спроведе целосна двојазичност и тоа е во целосна спротивност со уставот на државата, тоа го нотираше како претседателот на државата, така и голем број еминентни правници. Законот за двојазичност е донесен без поширока јавна консултација и без почитување на волјата на граѓаните“

Опозицијата додава дека двојазичноста не ја придвижува државата кон ЕУ, ниту го зголемува стандардот на граѓаните. Двојазичноста, смета ВМРО-ДПМНЕ, само создава поделби и го руши единствениот кохезивен елемент во македонското општество – македонскиот јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.