На 19 јули инспекторот Илиевски треба да се појави пред дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат – постапката е покрената од Африм Саљиу,

Објавил: admin@magazin | 12 јули, 2019 18:34

Покрената дисциплинска постапка против просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски!

Фото/Текст извор: ©24vesti

Со образложение дека се прекршени законските овластувања и злоупотребена службената положба – Државниот просветен инспекторат покрена дисциплинска постапка против просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.

Ова следува откако тој во јавноста го обелодени случајот за владините функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули кои на Тетовскиот државен универзитет незаконски се стекнале со повисоки стручни звања додека вршат јавни функции.

На 19 јули инспекторот Илиевски треба да се појави пред дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат – постапката е покрената од Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а истата е одобрена од директорот на ДПИ, Томе Спировски.
„Илиевски денеска уште еднаш повтори дека откако бил обелоденет случајот тој добивал закани од страна на функционерите, побарал средби и со министерот за внатрешни работи – но оттаму засега одговор вели нема. За слуачјот вели извесетени биле невалидините, како и Народниот правобранител – од каде е побарано да испрати свој претставник за време на комисијата. Од ДПИ не скаат да коментирата пред камера.“ – се огласија писмено – со кусо соопштение.
„По претходно поднесена иницијатива од непосреден раководител, покрената е дисциплинска постапка, за утврдување на дисциплинска одговорност против државниот службеник вработен во Државен просветен инспекторат Ѓорѓи Илиевски.

Покренатата дисциплинска постапка се однесува на неговото изнесување на факти за предмети кои немаат конечност во постапката. При тоа од негова страна се изнесени факти за предмети кои се во развојна фаза и не се реализирани.’ – велат од ДПИ.

Коментрар за случајот побаравме но не добивме од Министер за образование и наука Арбер Адеми а Нухиу го повтри ставот – вели не сака да се впушта во јавна дебата има надлежни институции кои треба да го решат овој случај. Во конкретниов случај, според Нухиу се изнесени контрадикторни ставови од страна на Државниот просветен инспекторат и просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.

За случајот е известена и Државната комисија за спречување на корупција. Антикорупционерите потврдуваат дека постапката е во тек, а деталите ќе бидат соопштени откако ќе биде затворен случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести