Кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи од буџетот на Косово и платил 517.198,56 евра на американска лобирачка компанија блиска до претседателот на САД, Доналд Трамп.

Објавил: Македонка Димкин | 8 јуни, 2018 12:19

Пола милион евра, за пола час дружење и сликање со Трамп!

Фото/Текст извор: ©Телеграф

Кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи од буџетот на Косово и платил 517.198,56 евра на американска лобирачка компанија блиска до претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во договорот со компанијата „Балард Партнерс“ се наведува дека овие над половина милион евра се платени за „консултантски услуги“, за потребите на косовското Претседателство.

Според косовската телевизија КТВ, компанијата не е случајно избрана, со оглед на блискоста на нејзините раководители со Администрацијата на претседателот Трамп, со кого Тачи бара да се сретне во Белата куќа.

Информацијата ја обавил и самиот шеф на компанијата, Брајан Балард, чиј правен сектор соопшти дека тој на 20 април годинава се сретнал со Трамп во Мар-А-Лаго и му го пренел барањето на косовската амбасадорка во Вашингтон, Вљора Читаку за средба со Тачи.

Сомнежите за злоупотреба на јавни пари од страна на Тачи ги покрена парламентарната опозиција во Косово, по што е најавено дека фактите ќе бидат утврдени од страна на собраниска комисија која се очекува да се формира специјално за овој случај.

Пратеникот на Социјалдемократкста партија, Фатон Топали, покрај овие, споменува и милион евра јавни пари, за кои известуваат и медиумите во Приштина, кои наводно Тачи ги платил за објавување и промоција на неговата биографска книга „Нова држава, модерен државник“, за која се ангажирани познати британски новинари.

Тачи неговата биографска книга ја промовира низ Европа, па така, меѓу другите, пред десетина дена беше во Виена, а минатата недела и на Универзитетот во Оксфорд.

КТВ наведува дека се уште не се знае дали 517-те илјади евра ќе резултираат со средба на Тачи со Трамп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Иновации

Во Охрид ќе се одржи конференција по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“.

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид

Конференцијата по повод усвојување на „Регионалниот патоказ за борба против корупција...

Се надеваме дека овој саморегулаторен инструмент ќе ги мотивира онлајн медиумите да ги опфатат вредностите на професионалното и одговорното новинарство во својата работа“, рече Тунева.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Советот за етика во медиумите ги објавија првите Насоки за етичко известување на онлајн медиумите во Македонија

Со цел да се подобрат професионалните стандарди на онлајн медиумите, Мисијата на ОБСЕ...

Автоматизираниот комплекс лоциран на земја сега спроведува до две илјади контролни сесии секој ден.

Русија развива систем за управување на илјадници сателити: Виртуелен супер компјутер ќе ја контролира и сервисира целата мрежа!

Холдингот „Руски вселенски системи“ објави дека во моментов работи на создавање...