Грција ќе ги отвори своите граници за туристите на 15-ти јуни.

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2020 18:00

ПОЛЕСНО ДО ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ: Од 1 јуни пониски цени на билети за траектите- од 15 јуни се отвораат границите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од 1-ви јуни, Грција ќе ги намали цените на билетите за траектите кои возат на островите, со намалување на даноците на продажба за зајакнување на домашниот туризам.

Грчкиот министер за поморство, Јанис Плакиотакис, рече дека стапката на данок на продажба на билетите ќе се намали од 24 на 13 насто.

Траектите почнаа да пловат кон островите, со строги ограничувања на капацитетот и мерки за оддалечување.

На островот Милош, популарно летно одморалиште за италијански и француски туристи, сопствениците на локалните бизниси велат дека грчките туристи остануваат претпазливи.

„Многу малку луѓе дојдоа вчера и тоа треба да се очекува бидејќи околностите се различни“, рече Фили Грили, кој изнајмува станови.

Тој очекува оваа сезона да биде тешка и се надева дека ќе им помогне на државата.

Грција ќе ги отвори своите граници за туристите на 15-ти јуни поради пандемијата на вирусот корона.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...