Понатамошните тестирања ќе траат со месеци пред леталото да стане оперативно во 2021 година.

Објавил: admin@magazin | 26 јануари, 2020 18:30

Полета најголемиот патнички авион боинг 777Х, со два мотори (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новиот авион на американската компанија „Боинг“ полета од Сиетл на својот прв тест лет. Моделот „777 X“, кој чини 422,2 милиони долари ќе превезува 426 патници. 

Авионот 777Х, полета од комерцијалната база во околината на Сиетл вчера во 10 часот по локално време, а слета во 14 часот.

Јаките ветрови ја натераа оваа компанијата двапати да го одложи пробниот лет оваа недела.

Боинг објави дека неговиот досега најголем двомоторец, дизајниран за просечно 406 луѓе, првпат ќе полета на почетокот на оваа година, а првата испорака се чека следната година. 

77 метри долгиот авион е значително поголем од својот претходник 777-300ЕР и авионот ербас А340-600. Тој е дури и малку подолг од досегашниот рекордер 747-8, последната верзија на авионот „Queen of the Skies“.

Тестирањата ќе траат со месеци пред авионот да стане оперативен во 2021 година. Авионот е дизајниран така што во него може да се сместат меѓу 400 и 425 патници во две класи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...