Поранешниот дипломат, Донев, во анализа на писмото на Груевски до челниците на ЕУ констатира дека политички азил за политички прогон значи позар за власта во Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 11:32

Политички азил за политички прогон е пораз за власта на Заев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот дипломат и професор по политички науки, Јован Донев, го анализираше писмото кое пред барањето на азил од страна на Унгарија, поранешниот премиер Никола Груевски го упатил до неколку високи европски политичари.

Според Донев, намерата на Груевски во писмото била јавно да впери прст во непринципиелноста на европските политичари, до кои неговото писмо е адресирано.

Во исто време, според аналитичарот, Груевски успева во тоа затоа што му е одобрен азил од земја членка на ЕУ и НАТО, со што јасно се потврдува дека во Македонија има политички прогон.

Потегот на Груевски со испраѓање на писмо до госпоѓите Могерини, Мијатовиќ и Дол, како и до господинот Хан, но и претседателот на ЕНП може и треба да се гледа од повеќе аспекти.

Прво, како писмо на човек кој смета дека е неправедно осуден, односно ќе биде неправедно осуден и бара помош од Европските институции. Второ, како писмо на поранешен премиер на Република Македонија кој се обраќа до Европски политичари, со кои долго време соработувал и укажува на пропустите и недоследностите во кривична постапка која се води против него и бара начин тие да се отстранат. 

И трето, како писмо на поранешен премиер на РМ против кого се води кривична постапна која може да се оцени како политички прогон поради што се подготвува за бегство, убеден дека ќе добие азил во Унгарија и сака, преку писмото, јавно да впери прст во непринципиелноста на европските политичари, до кои неговото писмо е адресирано.

И во ова тој успева! Фактот што македонски политичар, посебно поранешен премиер, добива политички азил во земја членка на ЕУ и НАТО, каде што правото и политиката се целосно одвоени, јасно зборува за фактот дека во овој момент во Република Македонија не постои независно судство. Уште полошо, Унгарија давајќи му азил на Груевски ги потврдува тврдењата на опозицијата дека во Македонија се спроведува политички прогон. – вели професорот Јован Донев за Лидер.мк.

Минатата недела, јавноста дозна дека пред да побара политички азил и да замине од Македонија поранешниот премиер им пишал писмо на челниците од Европската Унија.

Во писмото, Никола Груевски бара меѓународни судии да извршат проверка на масовниот политички прогон во државата.

Поранешниот премиер писмото го испратил до еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, еврокомесарката за надворешна политика Федерика Могерини, комесарот за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ и претседателот на европската народна партија Жозеф Дол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...