Таа зборуваше и за тоа како нејзината партија ќе се обедине и ќе се опорави, и дека напорната работа за договарање за брегзит паѓа на нејзиниот наследник.

Објавил: Весна Петровска | 24 мај, 2019 12:41

Политички потрес во Лондон: Тереза со солзи во очите ја потврди оставката:Заминувам на 7.јуни

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тереза Меј пред речиси 2 часа им се обрати на медиумите. Таа објави дека ја напушта функцијата премиер на 7 јуни.

„Дадов сè од себе. Се обидов да ги договорам најдобрите услови, направив сè за да ги убеди пратениците да му дадат поддршка на мојот договор. За жал, не успеав. Се обидов три пати. Верувам дека беше правилно да се истрае. Но, сега верувам дека е правилно нова личност да преземе. Ќе поднесам оставка во петок, 7 јуни“, рече Меј.

Таа зборуваше и за тоа како нејзината партија ќе се обедине и ќе се опорави, и дека напорната работа за договарање за брегзит паѓа на нејзиниот наследник.

За својата оставка ги извести соработниците, како и кралица, и рече дека се активирани механизми за избор на нејзин наследник. На крајот од говорот заплака.

Кратка биографија на Тереза Меј

Таа е родена на 1 октомври 1956 година во Истборн, позната како  политичарка и претседател на Конзервативната партија.

Меј доаѓа на функцијата премиер на 13 јули 2016 година по оставката на Дејвид Камерон како резултат на референдумот за излез од ЕУ. Пред да биде избрана за пратеник во 1997 година работела во финансискиот сектор. По победата на Конзервативната партија на изборите во 2010 година именувана е за министер за внатрешни работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.