Основниот суд Тетово на осомниченото лице му изрече мерка притвор во времетраење од 8 дена.

Објавил: Македонка Димкин | 12 март, 2019 17:17

Полицаец застрелал двајца пријатели, случајност или недоволна обука?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Надлежен јавен обвинител од тетовското основно јавно обвинителство поведе постапка против полицаец поради сомнение дека сторил две кривични дела, односно „тешки дела против општата сигурност“ и „предизвикување општа опасност“.

Со куршумот еден од оштетените бил погоден во вратот, а потоа и лицето кое стоело зад него во пределот на градниот кош.

Последен пат во ноември 2018 година дури 550 кандидати за полициски службеници  започнале со обука. 

Вчера  во тетовското село Вејце се случи инцидент кога полицаец застрела две лица негови соселани. Обвинителството настанот го потврди и ги соопшти следниве детали:

Како што информираат од обвинителството, настанот се случил на 11 март во 23 часот во флиперница во село Вејце, кога осомничениот заедно со двајца пријатели, сега оштетенииграл столен фудбал. При тоа, осомничениот го извадил пиштолот од појасот за да не му падне и сакал да го префрли на другата страна. Во тој момент бил испукан еден куршум во правец кон двајцата оштетени.  Со куршумот  бил погоден еден од оштетените во вратот,  а  потоа и лицето кое стоело зад него во пределот на градниот кош.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против осомниченото лице поради основано сомнение дека сторил две кривични дела  и тоа – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 3  во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Истовремено по предлог на надлежниот обвините.

Основниот суд Тетово на осомниченото лице му изрече мерка притвор во времетраење од 8 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести