Поради вртоглавата бројка на новозаболени од ковид 19, Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука дали и натаму ќе важат рестритктивните мерки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јуни, 2020 13:28

Полициски час од 22 до 05 во општините со голем број заразени?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Осумдесетчасовниот карантин кој беше воведен за време на продолжениот викенд во општините каде што имаше регистрирано најголем број заболени заврши утринава во 5 часот.

Поради вртоглавата бројка на новозаболени од ковид 19, Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука дали и натаму ќе важат рестритктивните мерки.

Како што објави Сител.мк  Комисијата за заразни болести одлучила да и препорача на Владата враќање на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро, но само во критичните места каде што има голем број на заразени како што се Скопје, Тетово, Штип и Куманово.

Одлуката која денес ќе ја донесе Комисијата ќе биде поднесена и до Владата која на седница која се уште не е закажана ќе треба да одлучи.

Денеска не е објавен бројот на заболени, но со оглед на претходната недела се очекува и денеска да има над 100 заболени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести