Социјаланата мрежа Твитер гори од коментари по вчерашниот немил настан во МНТ.

Објавил: Весна Петровска | 25 ноември, 2019 13:46

ПОЛИЦИЈАТА БИЛА НЕМОЌНА ДА ГИ СПРЕЧИ ШВЕРЦЕРИТЕ – сега е јасно зошто МВР го чуваат приватни фирми – и дадилки да им додели државата

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

По вчерашниот инцидент во МНТ голем број реакции за осуда пристигнаа од сите страни, според неофицијалните инфоремаци навивачката група „Шверцери“ биле поканети од стана на пратеникот Груби. Тој се огласи по вчерашниот настан и изјави дека каде сакаат ќе слават.

-Театарот му припаѓа на народот, не е вмровски, сдсмовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припаѓа на граѓаните. 20-годишнината беше одбележена во албанскиот театар пред 10 години со прикажување на документарец, исто како и 30-годишнината во МНТ каде што присуствуваа фудбалски ветерани, тренери, Албанци, Македонци и други, на кои им беа доделени благодарници од страна на организаторите, спонзори, градоначалници… Секоја чест за професионалноста на вработените во театарот каде што се одржуваат безброј различни настани – вели Груби.

Инцидентот исто така беше осуден и од премиерот Зоран Заев.

Социјаланата мрежа Твитер гори од коментари по вчерашниот немил настан во МНТ.

Граѓаните го осудија дивеењето и исто така го осудија и пратеникот Груби.

Во продлжение дел од реакциите и на корисниците на социјалната мрежа Твитер.

– Поради дивеењето на Шверцери во МНТ, организаторот на настанот, владин прставник и пратеник во собрание Артан Груби, си даде оставка.

Се заебавам бе, каква оставка, гадот за леб ќе умре ако не го плаќаме, среќен понеделник.

– “Полицијата била немоќна да ги спречи навивачите”Сега барем е јасно зошто мвр го чуваат приватни фирми за обезбедување. Може и дадилки да им додели државата.

– Шверцери во театар;Заев во влада;Боки рекетар;ДУИ во Собрание;Северна во Македонија. Тоа се контрасти кои никако не можат да се совпаднат една со друга.

– До кога ќе дивее стокава сељачка неписмена?За Артан прашувам…..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести