Од МВР наведуваат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, по целосно расчистување на случајот.

Објавил: Македонка Димкин | 3 февруари, 2020 11:52

Полицијата го приведе напаѓачот на поицаецот во Велес!

Фото/Текст извор: ©МВР / магазин

Вчера околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица, соопштуваат од МВР.

Полицијата денеска го приведе велешанецот Ѓ.К. (31) кој вчера пред црквата „Св.Спас“ во Велес пукаше кон полицискиот службеник Е.М.(46) откако му го одзеде службениот пиштол, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој и уште три лица, претходно, физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите вчера беа приведени.

Од МВР наведуваат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, по целосно расчистување на случајот.

Полицаецот во нападот се здоби со четири прострелни рани и е вон животна опасност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.