Ќе се рушат дивоградбите во Охрид

Објавил: Узунов Бобан | 15 септември, 2019 13:24

Полицијата и Спасовски во Охрид, ќе се рушат дивоградбите

Фото/Текст извор: ©магазин

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот без ресор Едмонд Адеми.

На средбата било посочено дека акцентот ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во активната зона на Националниот парк „Галичица“ и крајбрежјето.

Градските власти информираат дека при крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на Охрид, опфатени во регистарот изготвен според препораките на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

„Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје. На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки“, се наведува во соопштението од општина Охрид.

Активностите на општинските власти во справувањето со нелегално изградените објекти ќе бидат поддржани од надлежните државни институции, а сѐ ќе се одвива со постојана меѓусебна координација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.