Предвидено е, патролата, активно да се вклучи во превентивното и репресивното полициско делување во централното градско подрачје, плажите, паркинг просторите но и во останатите делови од градот.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2021 14:32

Полицијата низ Охрид ќе партолира и со велосипед

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со цел зголемување на безбедноста за време на Велигденските и првомајските празници во Охрид но и остварување поблизок контакт со граѓаните, СВР Охрид во своето редовно полициско работење, од денеска ја ангажира велосипедската полициска патрола.

Предвидено е, патролата, активно да се вклучи во превентивното и репресивното полициско делување во централното градско подрачје, плажите, паркинг просторите но и во останатите делови од градот.

Полициските службеници на велосипед, ќе работат на спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање на сторители на казнени дела, ќе преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир и мерки во сообраќајот. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

На иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста, СВР Охрид ја воведе велосипедската полициска патрола во јули 2008 година, по претходна професионална обука.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести