Се очекува разрешница на случајот со двојното убиство во брзо време

Објавил: Данаил Михајловски | 2 октомври, 2018 18:00

ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ОСОМНИЧЕНИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА „РУЗВЕЛТОВА“ (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Pressingtv.mk

МВР привела на информативен разговор потенцијални осомничени за вооружената криминална пресметка на „Рузвелтова“ во која две лица беа убиени, а едно беше тешко повредено, јавува Pressingtv.mk.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информира дека собрани се и голем број материјални докази од местото на пукањето. Спасовски очекува разрешница на случајот со двојното убиство во брзо време.

Престрелката се случи во петокот вечерта, пред зградата на СЈО на „Рузвелтова“, кога непозати напаѓачи пукале во возило во движење во правец кон улицата „Орце Николов“ во кое се наоѓале три лица.

Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа“ во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење. На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Наим Ајети, а другите двајца Ферди Елезовски (1999) и А.П. (1969) со амбулантни возила ноќеска биле пренесени во Ургентниот центар, соопшти МВР.

На повредите од огнено оружје им подлегна и 47-годишниот А.П.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести