Mаскирани лица со „фантомки“ со предмети фрлале кон полицијата и Собранието

Објавил: admin@magazin | 14 јуни, 2018 20:08

Полицијата приведе 10 лица на вчерашните протести во Скопје

Фото/Текст извор: ©мвр

Десет лица се приведени во вчерашниот протест одржан пред Собранието на Република Македонија, а по изјавите дека државата ќе го промени Уставот и уставното име во Република Северна Македонија.

Од МВР денес информираат дека за време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален).

Лицата се приведени во Полициската станица Центар поради нарушен јавен ред и мир.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести